Tuesday, October 30, 2012

Каде, Што, Како, Koj?


Речено- сторено.
Во некој од предходните постови реков дека ќе направам пост посебно за тоа каде и што си купувам за да ги правам овие интересни дизајни на моите нокти
Па ова се моите алатки и лакови:


Овие четки си ги порачав од Ebay од Америките,пред некоја година, среќа што еден мој другар го направи тоа за мене, дека во Македонијава си немаме пејпал. Пред неколку недели видов во Џамбо, и тоа не беа скапи околу 200 денари.


Doting tool или јас љубам да си го викам точкало, :)
Ова ми е од Бит Пазар беше 50 денари, исто така во Џамбо има, во пакување се по 3 со различна големина и се околу 140- 150 денари.


Вакви цртачи има во сите бои, и на сите пазарчиња. Има и во голден роуз, ама се големи и доста брзо се сушат. Така да подобро е со малечко.


Светки, цветчиња, бисерчиња.. .
Вакви може да се најдат на било кое пазарче и не се скапи. Јас си ги купувам од Бит Пазар морам да кажам дека има доста избор, а и шишенцава ми се преслатки.

Кога доаѓа збор за лакови си купувам од секаде и секакви.

Oriflame  лакови

Golden Rose


Catherine Arley  и Selene


Pacific и Rhapsody

Pacific и Rhapsody ги купувам од пазарче, и се доста ефтини, 25-30 денари.
Catherine Arley, Selene и Golden Rose ги купувам од продавниците на Golden Rose во ГТЦ и Буњаковец, морам да кажам дека имаат фини акции како 2 или 3 за 100 денари.
А доколку зборуваме за квалитет морам да кажам дека Oriflame, Golden Rose  и Catherine Arley се доста кавалитетни и долготрајни. 
Се надевам дека ве насочив доволно и дека ова ќе ви биде корисно.
And paint your nails and stay stylish.
xxx

1 comment:

  1. Супер пост!!!!
    Фала ти за предлогот што ми го даде на мојот блог, и јас ги имам гледано лакчињата на Catherine Arley, само никогаш не ми текнало да ги пробам, затоа што обично одам на сигурната варијанта. :-) Дефинитивно ќе ги пробам!

    Инаку супер прибор имаш, баш ќе ѕирнам во Џамбо каков избор од него има, да потсоберам пари и се надевам дека и јас ќе си купам нешто слично, иако не верувам дека ќе го користам нешто многу - ноктите никогаш немам живци да ги правам :D

    http://alexandrainwonderland1.wordpress.com/

    ReplyDelete