Wednesday, December 12, 2012

DIY: Collar Necklace




Одамна се шеткам низ продавници за да си купам вакво ланче, ама некако секогаш излегува нешто друго да треба да се купи, ах ние жени.
Инаку си велев да си пробам да си направам. 
Низ дома најдов остатоци од капут (мајка ми корегираше еден па и останаа некои парчиња), искројав две парчиња кои личат на јака од кошула (заоблени), ги поврзав на средина и им зашив сатенска лента. Потоа им сошив каменчиња во две бои.
И еве го крајниот резултат:












Додека го правев си размислував со каква модна комбинација ќе го носам овој прекрасен моден додаток, мислам дека со корсетче ќе биде петка. :)

Се надевам дека ви се допадна, бидете креативни и направете си сами.

Stay Stylish
xxx




2 comments: