Friday, January 25, 2013

Направи сам/а- Држач за обетки



Заедно со сестра ми поседуваме доста голема колекција на обетки, а верувам и секоја девојка :)
Па имавме проблем за тоа каде да ги чуваме, да се прегледни и секогаш на дофат.
Често се случуваше да изгубиме некоја обетка :)
Пред некое време листајќи низ слики на интернет видов доста добра идеја за тоа како да ги чуваме обетките и решив да ја направам.

Па доколку ви се допаѓа како изгледа и сакате да си направите свој држач за обетки ќе ви биде потрабно следново:

1. старо ренде
2. бои (јас одбрав портокалова и жолта)
3. слободно време :)

Се што треба да го обоите рендето, да почекате добро да се исуши
и да си ги наредите вашите обетки.
:) Премногу лесно, нели?







Па што чекате организирајте си го својот накит
и
Stay Stylish
xxx







2 comments:

  1. Толку едноставно, а толку практично! Браво :)

    ReplyDelete